Нова пандемија е неизбежна, може да почне уште утре, предупреди СЗО

123
EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Порано или подоцна ќе се случи нова пандемија и тоа не е теоретски ризик, туку епидемиолошка неизвесност, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Говорејќи на отворањето на 13. седница на Меѓувладиното преговарачко тело (ИГНБ), кое подготвува договор за превенција од пандемијата, тој потсети на ужасните последици од избувнувањето на КОВИД-19 во светот, нагласувајќи дека „следната пандемија нема да чека“.

„Нова пандемија може да почне уште утре“, изјави Гебрејесус.

Тој предупреди дека светот може да се соочи со нова пандемија во секој момент. Затоа Гебрејесус ги повика земјите во светот да ја забрзаат работата на договор за спречување на идната пандемија.

Ковид-19 за многумина веќе изгледа како далечно сеќавање. Но, следната пандемија нема да чека работите да се смират. Ова може да се случи за 20 години… или може да се случи утре“, изјави Гебрејсус, обраќајќи им се на амбасадорите од земјите-членки на СЗО.

ИЗДВОЕНИ