Адам Кадиров, син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, стана надзорник на чеченското училиште за обука на специјални сили. Рамзан Кадиров објави дека неговиот 16-годишен син Адам Кадиров е назначен за надзорник на школата за обука на чеченските специјални сили во Гудермес.
Веста предизвика многу внимание и контроверзии, со оглед на поновата историја на Адам.
Адам Кадиров ѝ стана познат на јавноста минатата година откако на интернет беше објавена снимка на која тој го тепа рускиот тинејџер Никита Журавел.
Овој настан предизвика бројни осуди, но и пофалби од неговиот татко, кој истакна дека е горд на својот син за неговите „идеали за чест, достоинство и одбрана на верата“.
По овој инцидент, Адам добил бројни награди и почести, вклучително и назначувањето за главен телохранител на неговиот татко, како и улога на набљудувач во новиот стрелачки баталјон.
Овие назначувања наидоа на различни реакции во јавноста, но секако дополнително го истакнаа младиот Кадиров во јавноста.