Политикологот и експерт за безбедност Питер Р. Нојман денеска изјави дека Христијанско демократската унија (ЦДУ), по изборите во Бундестагот, мора да ја преиспита својата надворешна политика, како и дека се надева оти Западниот Балкан ќе добие перспектива во ЕУ.
„Се надевам дека пред крајот на деценијата тоа ќе стане реалност за некои од земјите кандидати за пристапување. ЦДУ, сега по изборите во Бундестагот, мора да ја преиспита својата надворешна политика, смета Нојман. Потребно е Европа да застане на свои нозе и да бара партнери надвор од Европската унија“, вели тој.
Според него, прв кандидат за ова е Велика Британија: Таа земја повеќе не е дел од ЕУ, но ни е потребна од безбедносни причини“, вели Нојман.
Во исто време, како што нагласува, мора да гледаме и кон Источна Европа и Западен Балкан.
„Има многу земји кои се стремат кон ЕУ и кои треба да ги направиме дел од нашата Европа. Европа треба да се преиспита, оценува германскиот политиколог. Тоа би било важно, бидејќи знаеме дека Американците се повлекуваат и дека е неопходно ЕУ да биде присутна“, изјави тој за Дојче веле.
Според него, почнува важна трка меѓу Европа, односно Западот и Кина, Русија и другите земји.