Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја поздрави новата генерација, нагласувајќи дека оваа година МВР добива 497 нови полициски службеници, „синови и ќерки “, кои ќе ги штитат граѓаните и ќе работат на заштита на безбедноста.
„Полициската професија не е само избор, туку и повик, завет , кој секој еден од вас го прифаќа со цел да ги чува своите блиски , своите граѓани, својата татковина , безбедни и сигурни“, рече Тошковски.
Тошковски истакна и дека МВР ќе продолжи да инвестира во нови полициски станици, возен парк и модерни униформи, како и во зголемување на примањата на вработените, за унапредување на безбедносниот систем и создавање на современа, стручна и професионална полиција.
„Министер Тошковски , со задоволство Ве известувам дека генерацијата 2024/25 година кадидати за полицаец успешно ја заврши основната обуката за полицаец и истата Ви ја предавам подготвена за склучување на договор за вработување во МВР“, вели Влатко Митковски.
Станувањето полицаец не е само професија, туку и одговорност.Носејќи ја полициската униформа, станувате дел од големо полициско семејство.
„Научивме дека полицијата е повеќе од сила, таа е присуство кое носи мир во хаосот , сигурност во неизвесноста и правда тамо каде што ја нема , нашата улога ќе биде да ја штитиме вистината и да градиме мостови кај што има зидови.Денес со гордост и благодарност можеме да кажеме- Ние сме подготвени“, вели Владимир Зиморковски, најдобар во генерацијата.