Нова фитнес-зона во Инџиково

21

Во рамки на спортскиот комплекс „Горан Стојменовиќ“, во Инџиково се поставува фитнес-зона. Дополнително во овој спортски комплекс е поставена и вештачка трева на игралиштето за мал фудбал.

-Создадовме простор на кој младите ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат. Изминатиот период фитнес-зони изградивме во населените места Ќерамидница, Колонија, Триангла, Стајковци, Хиподром и денес во Инџиково – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.