Нова ЕУ-регулатива за транспорт на отпад

31

Во Подгорица, Црна Гора, на 7и 8 ноември ќе се одржи TAIEX, регионална работилница на која ќе учествуваат претставници од повеќе институции од земјите од Западен Балкан, Југоисточна Европа и од земјите што не се членки на ОЕЦД. Покрај физичко присуство, таа ќе моќе да се следи и онлајн.

Од Државниот инспекторат за животна средина претставник ќе биде државната инспекторка за животна средина од Гевгелија, Вера Љатева, а покрај неа ќе има и претставници од МЖСПП и од Царинската Управа.

Целта на работилниците е да се информираат соседните земји на ЕУ за новата регулатива на ЕУ за транспорт на отпад и да се даде подетално објаснување за конкретни елементи во новата регулатива, кои се од интерес за овие земји.

– Регулативата поставува нов режим за извоз на отпад од ЕУ, со многу построги услови, особено за извоз во земји што не се членки на ОЕЦД. За земјите што не се членки на ОЕЦД, извозот на отпад од ЕУ ќе биде забранет, освен ако некоја земја официјално побара да увезува неопасен отпад од ЕУ и покаже дека може да го третира на соодветен начин, согласно со регулативата и добрите практики. Доколку некоја земја ги исполнува овие услови, ќе биде вклучена во списокот на земји овластени да увезуваат отпад од ЕУ – велат од ДИЖС.

Втората цел на работилницата би била да се разговара за нелегалните пратки на отпад. Регулативата воведува неколку мерки за справување со нелегалните пратки на отпад.

Трето, работилницата треба да биде можност да се разговара за можните алатки за соработка за подобрување на управувањето со отпадот во засегнатите земји.