Истражувачите од Институтот Кенеди Кригер во Балтимор, САД и Универзитетот Нотингем Трент во Англија развија едноминутна видео игра која може точно да ги разликува децата со аутизам од децата со дефицит на внимание (АДХД) или со невротипски развој.
Во студијата, која опфати 183 деца на возраст од седум до 13 години, на учесниците им беше наложено вотекот на една минута да ги имитираат движењата на видео аватаротс лични на танц.
Врз основа на ова, децата со аутизам може успешно да се разликуваат од невротипните деца со 80 проценти точност, објави порталот SciTechDaily.
Исто така, врз основа на видео играта, аутизмот се разликува од АДХД со 70 проценти точност.
Истражувачите велат дека ова е посебен предизвик бидејќи АДХД и аутизмот често се појавуваат заедно, пренесува Танјуг.