Нова детска градинка со капацитет за 200 деца

847

Градежните активности на новата детска градинка во населбата Бутел 2 напредуваат со одлична динамика. Ова го констатираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски по извршениот увид во текот на вчерашниот ден.

Нова детска градинка е на површина од 1.800 квадратни метри, ќе има три влеза, седум занимални со седум спални соби, две занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Покрај тоа, во новата градинка ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна. Новиот објект ќе ги исполнува сите услови за згрижување на 200 деца. 

Новата градинка се гради на местото на стариот објект изграден во далечната 1964 години кој сега е урнат.

ИЗДВОЕНИ