EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Експлодира уште една „бомба“ во НБА лигата, откако американските медиуми пренесуваат дека Клеј Томпсон решил да потпише за тимот на Далас. Станува збор за тригодишен договор вреден 50 милиони долари, на кој тој се согласил и на намалување на заработката за да се бори за титулата со Лука Дончиќ и Кари Ирвинг. Евидентно е дека во текот на летото, тимот од Тексас ќе се обиде да направи дрим-тим со кој Дончиќ и соиграчите ќе го нападнат прстенот, а очигледно тоа почнало до реализација.

Информацијата за овој трансфер ја пренесе еден од најпознатите американски новинари Адријан Војнаровски.

  • Клеј потпиша тригодишен договор од 50 милиони долари, со опција за играч. Вака заврши историскиот период во Голден стејт, а во големата размена ќе учествува и Џош Грин кој оди во Шарлот, изјави Војнаровски.

Пред неколку месеци се појави информација дека Клеј барал 135 милиони долари од „воините“ за четири години, но дека тие не сакале да му дадат толку пари. Ако ова е вистина, тогаш тоа значи дека Томпсон се откажал од планираните 85 милиони за да оди во Далас.

  • Томпсон имаше понуда за четиригодишни договори за повеќе пари, но сакаше да се бори за својот петти НБА прстен, а внимаваше и на разликата во даноците што ја имаат одредени земји. Разговараа и со Лејкерси, додаде Војнаровски.

Далас оваа сезона играше во големото финале на НБА, но загуби од Бостон со 4-1 во серијата. Селтикси така стигнаа до 18. титула, па овој потег на Мавси е јасна порака за сите во НБА.

Додека генералниот директор на Далас работи на создавање на нов тим, Дончиќ е со репрезентацијата на Словенија и ќе се бори на квалификацискиот турнир за место на Олимписките игри.