Синот на Леброн Џејмс, Брони, одигра уште една брилијантна партија за тимот на Саут Беј лејкерс, во која постигна 39 поени во Џи-лигата. Заедно со неверојатниот шутерски учинок, тој забележа и седум скока и четири асистенции.

Неговиот настап беше импресивен и поради неговата ефикасност – шутираше 14/21 од поле и 4/8 за три поени.

Досега не може да го најде патот во НБА, но се истакнува во Џи-лигата. Ова е негов трет натпревар на кој постигна над 30 поени.

Во текот на престојот во Развојната лига, тој бележи, во просек, импресивни 20,6 поени, 4,9 скока и 5,3 асистенции на натпревар.

ИЗДВОЕНИ