Познатиот италијански фудбалер, Марио Балотели, повторно е во центарот на вниманието, и тоа не поради добра причина. Веќе се навикнавме на неговите скандали.

Овој пат, на социјалните мрежи се појави видео на кое се чини дека е прилично пијан, бидејќи се гледа како паѓа на улица, едвај станува, а пријателите го држат.

Видеото наводно е направено по поразот на Италија од Швајцарија на Европското првенство, што не е потврдено, но се знае дека е од ова лето, уште едно турбулентно за палавото момче на италијанскиот фудбал.

Додека сите плукаат по него по ова видео со кое го допре дното, фудбалерот се огласи и се обиде да ја смири ситуацијата.

  • Сакам да ви кажам на сите дека го видов видеото како паѓам на земја, заедно со моите пријатели. Се тркалавме, се шегувавме и трчавме. Не гледам што е проблемот што излегов со другарите. Никого не повредив. Зошто повторно ми судите? Зошто не ги покажавте сите фотографии и видеа. Не зборувате со кои другари сум бил, туку веднаш пишувате дека сум бил пијан. Сепак, ајде повеќе да размислуваме за поважните работи во животот – изјави Италијанецот.

Балотели (33), инаку, е без клуб, бидејќи му истече договорот со Адана. Во последно време се шпекулира дека би можел да замине во Словенија, но ретко кој би прифатил да соработува со него по еден ваков скандал, кој не му е прв во кариерата.