Нова акција за собирање на кабаст отпад во Центар 

398

Општина Центар повторно ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во периодот од 15 до 20 март.

Општинските власти велат дека поради позитивните реакции и успехот на акцијата реализирана во февруари, зголемен е бројот на пунктови на кои граѓанитe ќе можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад. Тоа се: Капиштец – кај Цветен пазар, улица „Народен Фронт“, Капиштец – паркингот спроти Завод за вработување, улица „Васил Ѓоргов“, број 32, Буњаковец – позади ООУ „Ј. Х. Песталоци“, улица „Апостол Гусларот“, Дебар Маало – кај кружниот тек, улица „Антоние Грубишиќ“, број 20, Соборен храм – кај спортското игралиште, улица „Орце Николов“,  број 22 и „50 Дивизија“, број 39, во близина на Клинички центар.

Од Општината апелираат до центарци да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од овој вид отпад.

-Да внимаваме на чистотата и да придонесеме кон поздрава животна средина – порачуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ