Нов земјотрес во Грција: Се тресеше тлото кај Крит

424

Слаб земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Крит, но нема извештаи за материјална штета или повредени.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи ноќеска околу 01:35 часот, бил на длабочина од 6 километри, на јужната страна на островот, на 65 километри од Ираклион, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).