Поради серија силни циклони кои од Атлантикот ќе ја погодат западна и северозападна Европа, над нашето подрачје се очекуваат многу изразени јужни струи и дополнителен наплив на многу топли воздушни маси од северна Африка.

До крајот на јануари температурите во Македонија ќе бидат значително надпросечни, со вредности до 15 степени. Со оглед на тоа што просечната максимална температура за овој период од годината е од 1 до 5 степени, до крајот на јануари таа ќе биде за десетина степени повисока од споменатиот просек.

Иако на самиот крај на јануари и почетокот на февруари се очекува натпросечно топло време, температурите постепено ќе се намалуваат.

Според најновата временска прогноза на Метеоаларм, од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.

Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина.

Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат и под нулата, па така и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.

Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.

Се на се, температурната инверзија ќе има и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и скијачките центри.

ИЗДВОЕНИ