Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебритсен постави нов светски рекорд во сала на 1.500 метри на митингот Голд во Лиевин. Само пет дена откако Американецот Јаред Нугус го постави светскиот рекорд во затворен простор во Њујорк, со време од 3:46.63 минути, Ингебригтсен истрча време од 3:45.14 во Лиевин.
За време на неговата победничка трка на 1.609 метри, Ингебригтсен исто така истрча нов светски рекорд на 1.500 метри со време од 3:29.63, трчајќи побрзо од неговиот светски рекорд во сала (3:30.60) поставен пред три години во истата Арена во Лиевин.
- Чувството е неверојатно. Среќен сум, мора да бидете сконцентрирани во текот на целата трка. Тешко е, но вреди, изјави олимпискиот победник на 1.500 метри од Токио и златен медал на 5 километри на Олимписките игри во Париз. Брилијантниот Норвежанец има и две светски титули на отворено на 5.000 метри и две светски сребра на 1.500 метри.