Едно од најпријатните изненадувања на Европското првенство во фудбал е селекцијата на Романија, која за место меѓу осумте најдобри ќе се бори во меч со фаворитот Холандија. Познато е дека репрезентациите на земјите, кои биле колонијални сили, имаат многу играчи со потекло од африканскиот континент, а исто така и противникот на Романија.

Сепак, познат романски медиум објави најава за натпреварот во која, барем така сфатија Холанѓаните, користат јазик на расизам.

„Противник на Романија во осминафиналето е Судан… Ах, мислам на Холандија“, пишува на твитер-профилот на „Дејли Романија“.

Холандскиот сајт „Feyenoord Pings“ ја виде пораката и веднаш се огласи.

  • Многу познат канал од Романија, наречен „Дејли Романија“, се огласи на Твитер со порака која не може да се игнорира, откако стана јасно дека Холандија ќе ѝ биде противник во осминафиналето.

Репрезентацијата на Холандија има многу играчи со друго потекло, меѓу кои и поранешниот играч на Феенорд, Вајналдум и Гертруиде. Каналот напиша „Противник на Романија во осминафиналето е Судан… Ох, мислев на Холандија“.

Разбудената заедница (за борба против дискриминација) сè уште не одговорила, но се очекува да го стори тоа, па вакво нешто не може да се пропушти“, пишуваат тие во написот со наслов „Романскиот печат испрати расистичка порака: Ќе играме со Судан!“

Инаку, во последното коло од групата, Романија и Словачка одиграа реми, а на двете селекции им беше доволен бод за пласман понатаму. Натпреварот меѓу Романија и Холандија е закажан за 2 јули на „Алијанц Арената“ во Минхен.

Подобриот од овој дуел во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од мечот Австрија – Турција.