Нов проект за психолошка поддршка на учениците

10

Општина Ѓорче Петров и Македонската асоцијација за применета психологија „Симболикум“ потпишаа меморандум за соработка со цел подобрување на менталната благосостојба на учениците.

Преку проектот, кој ќе се реализира во четири општини и осум училишта, се предвидуваат психолошко тестирање и психосоцијални интервенции насочени кон рано откривање на потребите на учениците.

Во Општина Ѓорче Петров, активностите ќе се спроведуваат во ОOУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и во ОOУ „Јоаким Крчоски“.

Притоа, меѓу клучните активности ќе се спроведуваат: тестирања за личносните димензии и емоционалната интелигенција, обука на училишните психолози за анализа и интерпретација на резултатите, развој на индивидуални психосоцијални интервенции за учениците, изработка на прирачник за следење на напредокот.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека Општината е меѓу првите во земјава што имплементираат ваков проект, со јасна цел: подобрување на психолошката поддршка во училиштата и создавање услови за здрав емоционален и социјален развој на учениците.

Проектот ќе се спроведува во текот на 2025 година, без финансиски надоместок за двете страни.

 

ИЗДВОЕНИ