Романските специјални полициски сили утрово упаднаа во куќата на контроверзниот американски инфлуенсер Ендрју Тејт во Букурешт!
Како што соопшти полицијата, во средата наутро биле извршени четири претреси во областа Илфов и во Букурешт, во врска со истрагата за кривичните дела создавање организирана криминална група, трговија со малолетни лица, трговија со луѓе, сексуални односи со малолетно лице, влијание врз изјави и перење пари .
Извори блиски до истрагата велат дека на мета се браќата Ендру и Тристан Тејт.
🚨🇷🇴BREAKING: TATE BROTHERS RAIDED BY POLICE AGAIN
Searches were carried out by Romania’s Directorate for Investigating Organized Crime and Terrorism at 4 locations in Bucharest and Ilfov county, including their home.
It’s believed the searches are related to accusations of… pic.twitter.com/W5qXYv4vDT
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) August 21, 2024
„Денеска, 21.08.2024 година, обвинителите на Управата за истражување на организиран криминал и тероризам – заедно со полициски службеници на Службата за борба против организиран криминал Илфов, извршија четири наредби за претрес во куќа во населбата Илфов и општина Букурешт, во кривична постапка поврзана со сторени кривични дела, формирање на организирана криминална група, трговија со малолетни лица, трговија со луѓе, сексуален однос со малолетно лице, влијание врз изјави и перење пари“, соопшти полицијата.
Ендрју Тејт, влијателен инфлуенсер, кој го чека судењето во Романија под обвинение за трговија со луѓе и силување, го загуби правото на жалба против судската одлука што го спречува да патува надвор од таа земја.
Тејт беше обвинет во средината на 2023 година заедно со неговиот брат Тристан и две Романки под сомнение за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени, што тие го негираа.