Нов паркинг ќе добијат жителите на Автокоманда. Со овој паркинг кој се наоѓа на улицата „Габреш“ се обезбедуваат 58 нови паркинг места. Од Општина Гази баба информираат дека решавањето на проблемот со недостатокот на паркинг места во Автокоманда, останува еден од нивните клучни приоритети.
– Заклучно со изградбата на овој паркинг од почетокот на мојот мандат имаме обезбедено повеќе од 150 нови паркинг места за жителите на Автокоманда – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефановски.
Тој најави дека тим од општината во соработка со надлежните институции посветено работи и на реализација на сообраќајната студија со која ќе се воведе ред во сообраќајот во мирување.
– Како општина работиме и на промена на Деталниот урбанистички план со кој обезбедуваме локации за изградба на катни гаражи – наведе Стефковски.