Нов опасен ТикТок предизвик се шири меѓу тинејџерите во Македонија: Повредени десетина ученици

257

Најновиот Тик Ток тренд популарен ширум светот, наречен „супермен предизвик“ дојде и во Македонија. За четири дена најмалку 11 деца завршиле во Универзитетската болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје со различни повреди и скршеници по прифаќањето на овој предизвик што се споделува на ТикТок. Станува збор за опасен предизвик кој се шири меѓу средношколците, но и поголемите основци. Меѓу повредените има и лица кои се здобиле со посериозни скршеници.

Докторите предупредуваат дека ваквите предизвици се многу опасни и повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.

Предизвикот се состои од следново – повеќе лица го креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен, но играта станува сериозна кога потоа го остават да падне на земја.

@hln_be♬ News24 News / Incident / Suspense(900452) – Kei

Од болницата „Св. Наум Охридски“ информираат за скршеници на екстремитети, ребра, разни набиеници со кои учениците стигнале до медицинската установа, според кои повредите може да имаат многу посериозни последици по здравјето на децата. Состојбата кај сите нив е стабилна и се пуштени на домашно лекување.

-Во СВР Скопје во 13 часот Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на часовите, во близина на основното училиште во село Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците, информираа од МВР за еден од случаите.

ИЗДВОЕНИ