Нов неуспех на Илон Маск во освојувањето на Марс: Моќната ракета експлодира по помалку од 10 минути/ВИДЕО

213
x/printscreen/elonmusk

Масивната ракета „Starship“ на вселенската технолошка компанија „SpaceX“ на Илон Маск успешно беше лансирана во атмосферата на седмиот тест лет без екипаж во четвртокот, но се распадна во експлозија неколку минути подоцна, објави компанијата. „Starship доживеа непланирано распаѓање за време на искачувањето“, објави приватната вселенска компанија во сопственост на технолошкиот милијардер Илон Маск.

Контролата на мисијата „SpaceX“ го изгуби контактот со неодамна надградениот „Starship“, кој го носеше својот прв пробен товар со лажни сателити, осум минути по полетувањето. Видеото снимено од Reuters покажува портокалова топка од експлозија која се шири низ небото над главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, оставајќи траги од чад зад себе.

„Нашите тимови ќе продолжат да ги прегледуваат податоците од денешното тестирање за подобро да ја разберат основната причина за несреќата. Со вакви тестови, успехот доаѓа од она што го учиме, а денешниот лет ќе ни помогне да ја подобриме доверливоста на Starship“, соопшти компанијата.

Десетици комерцијални летови беа пренасочени кон други аеродроми или го сменија курсот за да се избегнат потенцијални остатоци, според веб-страницата за следење летови FlightRadar24. Полетувањата од аеродромите во Мајами и Форт Лодердејл доцнат околу 45 минути. Федералната управа за авијација на САД објави дека накратко ги пренасочила авионите околу областа каде што паѓале остатоци од Starship, но оттогаш нормалните операции продолжиле.

Ракетата успешно се подигна во 16:37 часот по локално време од Starbase, локацијата за лансирање на „SpaceX“ во Тексас. За време на тестот, компанијата успешно ја фати долната фаза на ракетата за засилувачот „Super Heavy“ со помош на џиновски штипки за прифаќање.

Горниот степен на „Starship“, два метра повисока од претходните верзии, беше „вселенско летало од следната генерација со значителни надградби“, објави „SpaceX“ во описот на мисијата пред тестот. Тој требаше да направи контролирано спуштање во Индискиот Океан околу еден час по лансирањето.

„Starship“, кој се состои од 70 метри високиот „Super Heavy“ засилувач и приближно 50 метри високиот горен степен, исто така наречена „Starship“, е дизајниран да овозможи мисии со екипаж на Месечината и Марс.

Системот е развиен на таков начин што леталото и ракетата можат повторно да се користат по враќањето на Земјата. Во март минатата година, ракетата првпат успешно стигна во вселената, но потоа беше уништена додека се враќаше на Земјата, додека на четвртиот тест, во јуни „Starship“ го направи првото контролирано слетување, но проблемите останаа.

Од „SpaceX“ нагласи дека целта на тестовите е собирање податоци.

Во октомври „Starship“ достигна вселенска височина и изврши контролирано слетување во Индискиот Океан. Тој тест, исто така, имаше за цел да се врати и да се фати долниот степен на ракетата на лансираната кула во Тексас со помош на штипките за фаќање, што беше успешно.

ИЗДВОЕНИ