Нов голем влажен бран во Македонија: Силен ветер и дожд помешан со Сахарска прашина и песок

214

Под влијание на нов влажен бран од запад и од југозапад, во следните 24 часа во Македонија ќе има нови врнежи од дожд, особено во западните и во југозападните предели, каде тие повремено ќе бидат обилни и локално ќе наврнат нови 20 литри дожд на метар квадратен. Во западните предели исто така ќе има услови за појава и на ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, повремено и локално силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу, па и над 60 км/час). И во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд но со послаб интензитет за разлика од западните и од југозападните предели од нашата Република Македонија. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до тењмпературите, тие ќе се движат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во Скопје максимумот на температурата ќе се искачи до околу 20 степени.

Да напоменам, дека поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Македонија се врши транспорт на прашина и на песок, па така Атмосферата е заматена, а времето е мачно и спарно. Дождот кој го очекуваме повторно, ќе биде валкан и помешан со Сахарската прашина и песок.

ИЗДВОЕНИ