Најголемиот талент во редовите на каталонскиот гигант Барселона, Јамал Ламина, во следните неколку недели ќе потпише нов договор, потврди неговиот агент, Жорге Мендеш. Шпанските медиуми шпекулираат дека крилниот напаѓач ќе потпише нов договор кој ќе биде со важност до 2030 година и во кој ќе има ослободителна клаузула која ќе се активира со понуда не помала од милијада евра.