Нов директор на Клиниката за онкологија

444

На позицијата директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија при Клиничкиот центар во Скопје од денеска е назначен докторот Игор Стојковски, кој досега беше шеф на отсек на Одделението за малигни тумори на ЦНС, коскени тумор и кожа.

Информацијата ја потврди и самиот Стојковски за државната новинска агенција МИА.

Стојковски е дел од Клиниката за онкологија од 1997 година, а од 2018 до 2023 година бил доцент на Катедрата за онкологија со радиотерапија при Медицинскиот факултет во Скопје. Од лани е вонреден професор на овој факултет.

Клиниката за онкологија се најде во фокусот на јавноста по медиумските истражувања за злоупотреби со биолошката терапија за пациенти. Во септември лани Обвинителството вршеше и претреси, а на крајот на јануари беше отворена и истрага.

По избирањето на аферата со терапиите, досега како в.д. директорка со клиниката раководеше докторката Виолета Клисаровска.