Македонската женска кошаркарска репрезентација претрпе нов дебакл во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, откако на домашен терен загуби од Украина со убедливи 98:47, за трет пораз во групата.

На натпреварот одигран во СРЦ „Кале“ Украинките беа доминатни во секој поглед од играта, па ги добија сите четвртини со 26:13, 26:13, 27:7, 19:16.

Најефикасна во нашиот табор беше Митрашиновиќ со 17 поени, седум скока и пет асистенции, додека Хемпе мечот го заврши со 16 кошеви и пет скока.

Во недела не очекува нов меч на истиот терен против репрезентацијата на Португалија.