Угостителите и граѓаните во Германија наскоро ќе се соочат со плаќање на данок на амбалажа за еднократна употреба, како што се чаши и чинии, но и други пластични садови. Иако има дадено преоден период до 2027 година за да стапи на сила новиот данок, сепак се повеќе градови во Германија го воведуваат. Тоа значи дека секој кој ќе сака да си купи кафе или храна во картонска амбалажа, ќе мора да плати повеќе.

– Карлсруе најверојатно ќе биде следниот град со нов данок на пакување за сите. Во 2022 година, градот Тибинген веќе се префрли на данок на пакување за еднократна употреба. И ја доби поддршката од Уставниот суд во Карлсруе. Според тоа, официјално е легално да се наплаќа надоместок за садови за еднократна употреба и слично. Во Тибинген, на пример, дополнителниот данок е 0,20 евра за прибор за јадење и 0,50 евра за шолја кафе. Во тоа време, пред сè, го привлече вниманието на градските оператори на Мекдоналдс, кои особено се почувствуваа погодени од овој данок на пакување – пишува магазинот „Феникс“.

И многу други општини и градови сфатија дека е сосема можно да се воведе данок на амбалажа. Пред сè, пакувањето за повеќекратна употреба мора да стане значително поевтино. Како точно ќе се применува новиот данок на пакување за сите во Карлсруе, допрва треба да се утврди.

ИЗДВОЕНИ