Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го нарече неприфатлив случај одбивањето на норвешките морнари да му помогнат на рускиот екипаж, кој тонеше во Средоземното Море.
На новинарско прашање што мисли Кремљ за тоа што екипажот на рускиот брод бил спасен од шпански морнари, а норвешките морнари одбиле да помогнат, Песков одговорил дека доколку не им се пружи помош на оние кои се во неволја на море, тој случај бара апсолутна осуда.
„Доколку навистина не била пружена помош на оние кои биле во неволја на отворено море, тоа е спротивно на сите поморски закони, тоа е флагрантен случај што заслужува целосна осуда“, им рече Песков на редовниот брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ.
Како што претходно објави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на службата за односи со јавностана групацијата компании „Оборонлогистика“, сопственик на потонатиот руски брод, бродот кој плови под норвешко знаме „Oslo Carrier 3“ се наоѓал во близина на местото на несреќата „Урса Майор“, но од непозната причина одбил да ги земе морнарите на бродот кога му се приближиле на чамец за спасување. Групацијата истакнува дека станува збор грубо кршење на Меѓународната конвенција за спасување од 1989 година.
Подоцна екипажот на рускиот товарен брод беше спасен од шпанскиот брод „Salvamar Drago“.