Норвешкиот скијач Тимон Хауган победи во слаломот што се одржа во рамките на Светскиот куп во Шладминг, Австрија. Хауган победи со време од 1:48,05 минути, со што ја заработи третата победа во кариерата и втора во слалом оваа сезона.
Австриецот Мануел Фелер го освои второто место со заостанување од 0,20 секунди, а трет на подиумот се искачи неговиот сонародник Фабио Гштреин со заостанување од 0,67 секунди.
Првопласираниот по првото возење, Германецот Линус Штрасер го освои четвртото место, Швајцарецот Лоик Мајер беше петти, а Норвежанецот Атл Ли Мекграт беше шести.
Во поредокот за слалом, Кристоферсен е прв со 467 бодови, три повеќе од второпласираниот Ноел, Мејар е трет со 415, а Хауган е четврти со 379 бодови.
Во генералниот пласман на Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат и натаму е на првото место со 1.066 бодови, пред Кристоферсен кој има 746 и Меијар со 637 бодови. Мекграт е четврти со 548, а Хауган е петти со 528 поени.