По спектакуларното возење од два часа во Мелбурн, возачот на Мекларен, Ландо Норис, славеше на трката за Големата награда на Австралија. Тој триумфираше пред Макс Верстапен и Џорџ Расел, па на подиумот се искачија возачи на Ред Бул и Мерцедес. Следуваат Кими Антонели, Аленсандер Албон, Ленс Строл, Нико Хулкенберг, Шарл Леклерк, Оскар Пјастри и Луис Хамилтон, кој ја комплетира Топ 10 листата.
Трката не беше ни започната, а веќе беше завршена за Исак Хајжар, кој удри во ѕидот со задниот дел, го загуби задното крило и во солзи ја напушти патеката. Следуваше пауза од 15 минути и уште еден круг за загревање, па стартот на трката, за кој сите беа возбудени, Џек Дуан го заврши на почетокот на првиот круг. Тој исто така се мачеше да забрза во дождливите услови и неговиот болид беше уништен во петтиот свиок, па безбедносното возило излезе на патеката и… нов хаос!
Карлос Саинц ја заврши трката на стартот на вториот круг. Три катастрофи, а не стигнавме ни во третиот круг…
Кога трката продолжи, Макс Верстапен имаше убава предност бидејќи пред инцидентите го помина Пјастри и дојде до второто место, па со летечки старт можеше да му се закани на Ландо Норис, кој беше на првото место на гридот.
Колку и да се трудеше, не можеше да успее. Не само тој, туку и никој не можеше да направи претекнување до 17. круг. Тогаш Макс Верстапен направи голема грешка и за малку ќе излеташе од патеката, а Оскар Пјастри се врати на второто место веднаш зад Ландо Норис. Макс потоа целосно потона и заостана 15 секунди додека бевме сведоци на откажување на Хамилтон од борбата со Алекс Албон каде Ферари беше немоќен против Вилијамс.
Во 34. круг нов хаос. Фернандо Алонсо стана четвртиот возач кој се повлече од трката во Австралија, бидејќи изгуби контрола над својот болид и удри во ѕидот, принудувајќи ги тимовите да влезат во бокс за промена на гумите, каде ставија тврди гуми.
Само 11 круга подоцна се се смени. Дождот повторно почна да врне, а гумите страдаа. Пред да влезат во 45. круг, Оскар Пјастри ја загуби контролата и излета од патеката, со што речиси ја заврши трката, а во тој момент Ландо Норис тргна во боксон на нова промена на гумите.
Во еден момент Хамилтон и Леклерк беа на 1-во и 2-то место, но кога ги сменија и гумите, таму се вратија Ландо Норис и Макс Верстапен, додека трет беше Џорџ Расел, а Пјастри се врати од тревата на патеката, отиде во боксот и ја продолжи трката од 13-то место.
Пјастри чекор по чекор се пробиваше и ја заврши трката на 9то место, а Ферари ја продолжи катастрофата од минатата година, само што овј пат зад воланото го имаат седумкратниот шампион, Луис Хамилтон.
Така, Норис успеа да го спаси Мекларен и да не дозволи катастрофата да ги остави со „компири“ во раце по 1-2 во квалификациите. Мирно, за пофалба.
Баравме спектакл во Австралија и го добивме. Ландо Норис е победник на Големата награда на Мелбурн по два часа одлична акција.