Македонската естрада дефнитивно ја напушти, незадоволна од третманот и слабата заработувачка. Тоа е „џебната Венера“, градестата поп-пејачка Ноне Неделковска, која среќата и смислата на професијата ја најде далеку од Македонија. На големите крузери има премногу професионални обврски, а платата ѝ е супер-одлична. Ноне успеа, веќе да го „преплива“ целиот свет. Но покрај напорна работа со многу туристи, таа и максимално ужива кога има слободно време.
Најновото нејзино уживање се случи на егзотичниот Барбадос, островска држава во Карипско Море, кое е полно со необични риби, ајкули и отровни ражи. Сепак, нашата велешанка Ноне е многу внимателна. Вели и сериозно и на шега, дека од отровните риби не стравува, повеќе стравуваше од манипулациите на македонската естрада. (Д.М.)