Процесот на гласање за номинациите за Оскар и објавувањето на номинациите е одложен за два дена поради шумските пожари кои зафатија делови од Лос Анџелес.
Одлуката ја соопшти Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува престижните Оскари, а како што е наведено, тие потоа со писмо ги известиле своите членови.
Според извршниот директор на Академијата, Бил Крамер, гласањето за номинации за 97-то доделување на Оскарите е продолжено до 14-ти јануари. Наместо на 17 јануари, објавувањето на номинациите ќе се одржи на 19 јануари. Крамер испрати писмо до сите членови на Академијата.
🚨🇺🇸OSCAR NOMINATIONS DELAYED DUE TO LA FIRES
The deadly Los Angeles wildfires have pushed the Oscar nominations announcement from Jan. 17 to Jan. 19, with voting extended.
Celebrities like Billy Crystal and Paris Hilton have lost homes, while film and TV productions,… https://t.co/bAetpT9kj0 pic.twitter.com/XU4gbb0ZBX
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 9, 2025
„Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните шумски пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес, а ние мислиме на вас“, напиша Крамер.
„Гласањето за номинации за 97-то доделување на Оскарите започна утринава во 9 часот по локално време. Ќе го продолжиме периодот на гласање за два дена за да им дадеме на членовите повеќе време да гласаат. Гласањето ќе заврши во вторник, 14 јануари. Како таква, нашата објава за номинациите за Оскар ќе биде поместена од петок на 19 јануари“, објасни тој и додаде дека наскоро ќе објави дополнителни информации.
Церемонијата на доделување на Оскарите е закажана за 2 март во театарот Долби во Холивуд.