Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи ги повика денеска муслиманските лидери да не и даваат легитимитет на владата на авганистанските талибанци и да покажат вистинско лидерство спротивставувајќи се на ограничувањата на правото на образование за девојчињата и жените.
Јусафзаи (27), којa беше ранетe од пакистанските талибанци во 2012 година, ја даде изјавата во Исламабад, обраќајќи се на самитот посветен на образованието на девојчињата во муслиманските земји, на кој талибанците одбија да учествуваат, пренесе агенцијата Анса.
„Сега е време вие, како исламски лидери, да го кренете гласот и да ја искористите својата моќ“, рече Јусафзаи.
Таа потоа го обвини Израел дека го уништил целиот образовен систем во Газа.
„Тие ги бомбардираа сите универзитети, уништија повеќе од 90 проценти од училиштата и неселективно ги напаѓаа цивилите кои се засолниле во училишните згради“, рече активистот.
Јусафзаи рече дека ќе продолжи да ги осудува израелските прекршувања на меѓународното право и човековите права.