Нобеловата награда за мир за јапонска организација која се залага за забрана на нуклеарното оружје во светот

9
Printscreen X/The Nobel Prize

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2024 година е јапонската организација Нихон Хиданкио.

„Ова движење на преживеаните граѓани од атомските бомби од Хирошима и Нагасаки, исто така познато како Хибакуша, ја добива наградата за мир за нејзините напори да постигне свет без нуклеарно оружје и за демонстрацијата преку сведочењето дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да се користи“, велат од Одборот за доделување на наградата.

Минатата година, наградата и припадна на Наргес Мохамади, иранска активистка за правата на жените.

Нобеловата награда е создадена од богатиот шведски пронаоѓач Алфред Нобел, кој во тестаментот диктирал дека неговиот имот треба да се користи за финансирање „награди на оние кои во текот на претходната година му дале најголема корист на човештвото“.