Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, потврди дека доброволно го изоставил напаѓачот Кристофер Нкунку од тимот за натпреварот против Фулам. „Сините“ славеа во 33. коло од Премиер лигата, против своите „соседи“, по големиот пресврт во последните минути од натпреварот.
Енкунку не се најде ниту на клупата за резерви, а Мареска им потврди на новинарите дека Французинот не е повреден.
- Тоа беше само моја техничка одлука – изјави Италијанецот.
Нкунку дојде во Лондон од Лајпциг, каде што блесна. Челзи плати 52 милиони фунти за него, а крајниот производ вреди многу помалку од тоа. Многу фактори придонесоа за падот на неговата форма. Поради проблеми со повредите, ја пропушти речиси цела прва сезона во Англија.