Њујоршката полиција пронашла ранец во Централ парк за кој верува дека му припаѓа на осомничениот за убиството на извршниот директор на Јунајтед Хелткер (United Healthcare) Брајан Томпсон.
Ранецот е испратен на форензичко тестирање, додека истрагата продолжува трет ден, пишува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.
Полицијата смета дека осомничениот го напуштил градот по убиството и преку снимките од надзорните камери ја повикуваат јавноста да помогне во неговото откривање.
Според информациите, клучна трага би можела да биде видеото на осомничениот како се смее, како и физички докази како шише со вода и мобилен телефон пронајдени на местото на злосторството.
Ранецот бил внимателно отстранет со багер за да се зачуваат доказите како ДНК.
Полицијата смета дека осомничениот детално го испланирал делото, бидејќи знаел кога ќе помине жртвата и во кој хотел се одржува конференцијата.
Во средата наутро, напаѓачот се приближил до хотелот Хилтон, каде што Томпсон присуствувал на конференција и го застрелал во близина на зградата.
Полицијата соопшти дека напаѓачот продолжил да пука, а потоа побегнал во уличка, каде подоцна бил пронајден телефон поврзан со осомничениот.
Истражителите веруваат дека напаѓачот користел специјален тип на пиштол кој не е лесно достапен на пазарот.
На чаурите пронајдени на местото на настанот биле испишани зборовите „одбиј“, „брани“ и „отфрли“, велат полициски извори.