Ниту соиграчките не ја сакаат најдобрата во тимот: Исфрлете ја!

1479

Одбојкарките на Универзитетот Сан Хозе славеа над Стејт Колорадо со 3:2 во сетови и се пробија на врвот во Западна конференција, но оваа вест немаше да биде занимлива доколку најдобар играч во победничкиот тим не беше Блер Флеминг, која мечот го заврши со 24 поени. Иако Флеминг беше најзаслужна и сите нејзини соиграчки ја славеа победата, сепак, постои голем проблем. Имено, станува збор за трансродова личност, па евидентно беше далеку посупериорна од сите на теренот, а за тоа приговор имаа и нејзините соиграчки од тимот.

Како што пишува американски „Фокс“, нејзините соиграчи сакале да ја исфрлат од тимот, односно да ја спречат да настапи во завршницата на конференциското натпреварување кое започнува на 27 ноември во Лас Вегас.

Капитенот на Сан Хозе, Брук Слусер и соиграчката Чендлер Мануски се двете од неколкуте луѓе кои потпишаа тужба против претставниците на Универзитетот и одбојкарската конференција затоа што ѝ дозволиле на Флеминг да игра и да добие стипендија пред биолошки женските одбојкарки кои, според Фокс, се финансиски и емоционално ранливи како резултат на тоа.

Обвинителите веруваат дека челниците на лигата ги прекршиле правилата кои бараат фер третман на мажите и жените во образовниот систем, вклучително и универзитетските спортови, и во исто време ја загрозиле безбедноста на другите женски одбојкарки. Тие тврдат дека Флеминг заговарала со Малаја Џонс, одбојкарка на Колорадо, инаку ривал на Сан Хозе. Според таа приказна, Флеминг се обидела да го намести поразот на Сан Хозе во првиот натпревар помеѓу тимовите на 3 октомври и да и отвори простор на мрежата на Џонс, како играчка на Колорадо, намерно да ја погоди со топка во лице Слусер за време на мечот.

Ова се сите информации кои, како што се тврди, ги дознала споменатата Чендлер Мануски. Покрај тоа, пет колеџ одбојкарски тимови (Јужна Јута, Боис Стејт, Јута Стејт, Вајоминг и Невада) одбија да играат против Сан Хозе. Наводната причина е Флеминг и нејзината способност, според проценката на Слусер, да ја удира топката со брзина од дури 130 километри на час. Ова, сметаат тие, ги става во ризик останатите одбојкарки, како на тренинзите, така и на натпреварите.

„Фокс“, исто така, известува дека Слусер се приклучила на групата која ја поддржува тужбата на поранешната колеџ пливачка Рајли Гејнс против НЦАА и нејзините политики за родовиот идентитет што ѝ дозволиле на Флеминг да се приклучи на тимот додека другите одбојкарки не го знаеле нејзиниот пол.

Исто така, вклучена во тужбата против Флеминг беше и Алиса Сугаи, која рече дека Флеминг добила стипендија за да го заземе нејзиното место во тимот. Сугаи ја заврши својата одбојкарска кариера на Универзитетот без да знае дека Флеминг е трансродова, а сега тврди дека како резултат на тоа страдала од тешка депресија.

Помошник тренерот на Сан Џонс, Мелиса Бати-Смус, беше суспендирана претходно во ноември бидејќи исто така се спротивстави на Флеминг да игра во тимот, мислејќи на „токсичната“ атмосфера кога Флеминг е дел од тимот.

ИЗДВОЕНИ