Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот последен говор во Белата куќа предупреди на појава на „опасна олигархија“ во Америка, за која верува дека може да стане закана за идната демократија, пишува Би-Би-Си.
„Денес во Америка постои олигархија на извонредно богатство, моќ и влијание што навистина ја загрозува целата наша демократија, нашите основни права и слободи“, рече Бајден, а пренесува „Јутарњи лист“.
Според пишувањето на британскиот медиум американскиот претседател го таргетирал „ултра богатиот технолошко-индустриски комплекс“ и јасно е дека Бајден го гледа Илон Маск, гуруто на претседателската кампања на Трамп, како лидер на овој агрегат.
Тој, исто така, го искористи својот последен телевизиски говор од Белата куќа за да предупреди за климатските промени и дезинформациите на социјалните мрежи.
Говорејќи од Овалната соба, тој ги пофали и резултатите од неговата администрација, споменувајќи ги отворањето работни места, трошењето за инфраструктура, здравството, излегувањето на земјата од пандемијата и, како што тврди, правењето на САД побезбедна земја.
Бајден додаде дека ќе биде потребно извесно време за да се почувствува целосниот ефект од она што го направи неговата администрација, но „семето е засадено, ќе расте и ќе цвета во наредните децении“.
Тој и посака успех на новата администрација на Доналд Трамп, но потоа упати низа предупредувања.
„Моќните сили сакаат да го искористат своето огромно влијание за да ги елиминираат чекорите што ги презедовме за решавање на климатската криза исклучиво заради моќ и профит“, рече Џо Бајден.
Тој, исто така, ги нападна социјалните мрежи како Мета на Марк Закерберг, кој неодамна вети дека ќе се ослободи од „независните проверувачи на факти“.
„Социјалните медиуми се откажуваат од проверката на фактите. „Вистината се задушува со лаги кажани за моќ и профит“, рече Бајден.
It’s been the privilege of my life to serve our nation for over 50 years.
I’ve given my heart and soul to you, and I’ve been blessed a million times in return with the love and support of the American people.