Шарапудин Магомедов дебитираше во УФЦ во 2023 година против Бруно Силва во Абу Даби, а викендов го претрпе првиот пораз во оваа организација. Подобар од него беше Мајкл Пејџ, а фановите беа уште пољубопитни да дознаат повеќе за неговите очи!

Рускиот борец во мешани боречки вештини потекнува од Махачкала, Дагестан, домот на многу познати борци на УФЦ како Ислам Махачев и Хабиб Нурмагомедов. Но, додека Нурмагомедов и неговите сонароднци се познати по своите вештини во борење и граплинг, Магомедов го направи своето име прво во боксот, а подоцна и во тајландскиот бокс, каде што дури и го освои руското првенство.

По неговото деби во УФЦ, фановите беа заинтригирани да дознаат повеќе за Магомедов и уникатниот изглед на неговите очи. Како таков, коментаторот на УФЦ, Џо Роган, ја отвори темата во неговата дискусија со Даниел Кормие. Разговорот помеѓу Џо Роган и Кормие за време на ММА шоуто започна со спомнувањето на дебитантската победа на Шарапудин Магомедов во УФЦ. Кормиер бил изненаден од способноста на Магомед да се бори со оштетен вид, а тоа ги навело да навлезат малку подлабоко во приказната за Дагестанецот.

Продуцентот на поткаст на Роган, Џејми, ја објави статијата, која водителот на поткастот гласно ја прочита.

  • Запознајте го контроверзниот УФЦ борец кој е делумно слеп на едното око. Тој може да види само светлина, мислам, со едното око.

Потоа се надоврза и Кормие.

  • Ох, тој е добро… Тој, исто така, имаше еден куп операции на тоа око… Се обиде да го зачува видот, има посебна мрежница и поради тоа имал неколку операции.

И покрај тоа што нема многу информации за самата повреда и како настанала, самиот Магомедов во интервјуто изјави дека му биле извршени вкупно осум операции на окото, а неговата борбена кариера била стопирана две години пред конечно да се врати на спортот.

Магомедов ги откри застрашувачките детали низ кои морал да помине на операциите.

  • Имаше такви операции кога требаше да се даде инјекција во окото. Во овој момент се применува локална анестезија, но чувствувате сè. Го пробиваат од две-три страни, го опиша целото мачење Магомедов.

Како и да е, навистина страшна приказна и неверојатната желба и енергија што ја има ова момче од Дагестан.

ИЗДВОЕНИ