Ниските утрински температури ги оштетија овошките во Росоман

43

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско.

За ова информираше Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци, откако претставници од оваа Агенција биле на терен.

Тој истакна дека првичните согледувања од стручните лица на терен велат дека има големи штети кај овошните насади во Росоманско, поради ниските утрински температури во изминативе два дена, кои достигнаа и до -7 Целзиусови степени.

– Станува збор за регион што е најголем производител на праски во државата. Првите проверки на самото место велат дека е голем данокот што и овој пат го имаат земено ниските утрински температури на прагот од пролетта. Има штети кај дрвцата праски, кајсии, бадеми, кои во овој период од годината се во фаза на полнo цветање. Најголеми се штетите во Росоман и во росоманските села Манастирец и Трстеник – нагласи Николов. 

Тој додаде дека дополнително ќе се утврдува процентот на штети кај овошките. Засега, во лозарството нема оштетувања од ниските утрински температури, кои го зафатија овој регион во изминатите два дена. 

 

 

ИЗДВОЕНИ