Ништо од мерките, храната и во јануари поскапела за 123 денари

26

Синдикалната минимална кошничка за јануари 2025 година изнесува 63.252 денари. Во споредба со кошничката за декември 2024 година, која изнесува 62.861 денар е зголемена за 391 денар. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на прес-конференција рече дека наместо да се намалат за 10 отсто делот за храна и пијалоци бележи зголемување за 63-те основни производи за 123 денари.

Првиот синдикалец оценува дека инфлацијата во Македонија е над 10 отсто, според резултатите на синдикалната минимална кошничка, а не 3,5 отсто. Дециден е дека „цените на производите фиктивно се намалувале, а трговците се богателе на грбот на граѓаните“.

-Трговците се алчни и го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Тоа што сега го ветуваат дека во наредните месеци ќе ги задржат цените на основните производи е мамка за да не ги намалат цените на производите кои што на светските берзи се намалуваат. Според анализите, цената на житните култури е намалена за 13,6 отсто минатата година, додека во овој месец, цената на лебот е намалена за само еден денар од 33 на 32. Нема намалување на цената на брашното, тестенените, солта, зејтинот, оцетот, турското кафе, квасецот, млекото, путерот, урдата…, кажа Трендафилов.

ИЗДВОЕНИ