Бразилската фудбалска ѕвезда Неимар на крајот на јануари се врати во својата татковина за да ја врати посакуваната форма пред Светското првенство следната година. Но, како што одминува времето се почестите повреди се закануваат да му ги нарушат плановите во Сантос, како во репрезентацијата на Бразил.
Последната повреда во низата се случи во четвртото коло во бразилското првенство кога поранешниот ас на Барселона и Пари Сен Жермен, со солзи во очите го напушти натпреварот по само 34. минута игра. Тоа беше една од оние сцени што имавме можност да ја гледаме пред години кога играше во европскиот фудбал, а неговата реакција не се разликуваше многу од претходните. Тој на крајот едвај успеа да дојде до медицинското возило кое го превезуваше од теренот, а судејќи по неговата реакција сосема сигурно е дека повредата е од посериозна природа.