Ракометната селекција на Данска останува светски ракометен шампион. Скандинавците доминацијата ја потврдија и во вечерашното финале против Хрватска, во кое извојуваа убедлива победа од 25:32, и со тоа го освоија четвртото злато во низа.
Хрватска пак, се чини дека се истроши во лудото полуфинале со Франција и вечерва сили за надигрување имаше само триесет минути. Но и покрај поразот, Хрватска го освои шестиот медал на светските првенства, но четврти пат се совладани во финалниот натпревар. По бројот на медали на овие натпреварувања, оваа селекција сега е на делба на четвртата позиција, зад Франција, Шведска и Данска.
Гидсел со 10 гола беше најефикасен играч на натпреварот, додека во хрватскиот тим Мартиновиќ постигна шест.