Шокантна вест пристигна непосредно пред почетокот на новата скијачка сезона, откако љубителите на зимските спортови слушнаа дека швајцарскиот скијач Нилс Хинтерман (29) нема да може да се натпреварува на претстојните трки бидејќи се бори за живот.
Скијачот од Швајцарија ѝ соопшти на јавноста дека има рак на лимфните јазли и дека поради тоа не може да настапува во претстојниот период.
Нилс пред почетокот на новата сезона свика прес-конференција, на која обелодени за својата здравствена состојба и за деталите од борбата што го очекува во наредните месеци. Според проценката на докторите, големи се шансите да успее да ја добие најголемата битка во кариерата, победата за живот!
- За жал, здравјето не ми дозволува да се натпреварувам следната сезона. Ми дијагностицираа рак на лимфните јазли. Морав да поминам два круга на хемотерапија, а потоа ќе започне зрачењето. Досега немам никакви симптоми. Случајно ми ја открија болеста. Дијагнозата не е лесна, но лекарите се убедени дека ќе исчезне болеста и дека нема да ми застане ништо на патот да ја продолжам кариерата – изјави Нилс Хинтерман.
Нилс може да се пофали со бронзен медал од Светското првенство за јуниори, а забележителни резултати постигна и во сениорска конкуренција. Учествуваше на Зимските олимписки игри 2022 година, на три светски првенства и на седум од последните осум сезони од Светскиот куп. Во Светскиот куп забележа три победи и уште четири пласмани на подиумот. Тој е специјалист за брзи дисциплини, поточно за спуст.