Николовски: Запленетата дрога на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 707 илјади евра

42

Директорот на Царинска Управа, Бобан Николовски во Аргумент плус рече дека запленетата марихуана на граничниот премин Богородица на црниот пазар би чинела 707 илјади евра.

Според него, марихуаната била добро скриена и била откриена од страна на царинските службеници и службениоците од Бирото за јавна безбедност без ничија надворешна помош. Тој објасни и оваа пратка со марихуана била најголема во последните неколку години.

„Работевме за разбивање на меѓународен канал за марихуана. Транспортот одеше Косово, Македонија, Грција и Турција. Марихуаната била добро скриена, добро обработена. Најдена е во преполн камион во бали од рециклирана хартија и во четири од нив била одлично сокриена, пресувана насредина во балите. Дрогата е запленета, двајца се во притвор“, изјави Николовски.

Тој објасни дека работат и на нови информации кои во скоро време може да изненандат со позитивни резултати.

„Наша работа е да работиме. Наркокартелите нема да престанhttps://www.youtube.com/embed/HbjJ9HeJG1U?si=9NqMIQNhXF1XD6YC” title=”YouTube video playerат но добро е да знаат дека Царинската Управа и полициските служби не седат мирни по основ на ова прашање. Можам да кажам дека имаме информации кои ги анализараме имаме стигнато до одредени позиции и за одредено време нема да биде изненадување ако излеземе со позитивни резултати“, рече Николовски.

Тој зборуваше и за тоа дека царинските службеници но и патниците кои поминуваат преку граница се должни да ги почитуваат законите. Според него, важно е да се променио свеста на цариниците.

„Имам квалитени луѓе кои се лојални и работат и не ме интересира од каде доаѓаат битно ми е кога се на работа да даваат максимум од себе. Сите кои учествуваат во постапката мора да ја почитуваат царинската униформа и личното да го тргнат на страна. Од сега ќе имаме пријави кога некој ќе понуди мито на царински службеник и ако некој патник нуди мито царинскиот службеник е должен да го пријави тоа. Работиме на ова и работиме на менување на свеста на царинските службеници. И во секоја постапка па и во нашава учествуваат двајца, затоа и спротивната страна мора да се однесува по закон не кон личноста туку кон униформата, мора да ја почитува секој“, додаде Николовски.

 

ИЗДВОЕНИ