Владата донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто и што е многу важно жалбата нема да го одлага извршувањето.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски очекува следната недела измените да поминат и во Собранието.
– Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја. Нашата цел не е да казнуваме, целта е да се воспостави ефикасен демократски систем во кој оние кои доброволно барале лиценци мораат да го почитуваат законот континуирано – потенцира Николоски.
Во сегашниот систем вакви контроли воопшто не се предвидени.
– Претходно требаше да се чека одлука на Управниот суд, па после тоа да се чека да стане правосилно решението. Ние велиме не, решението веднаш станува правосилно. Наша цел е да ги натераме оние кои доброволно побарале лиценца ако можеле да ги исполнуваат законските услови на денот на барање, да мораат да ги исполнуваат и во текот на целокупното работење. И затоа планираме оваа да е една континуирана акција пред се на подобрување на општеството. Наша цел е да се подобрува општеството, не е да казнуваме, казната доаѓа како првентивна мерка – истакна Николоски.
Тој објаснува дека компаниите го изигрувале законот со вработените со тоа што откако ќе ги исполнат законските услови со доволен број на вработени и ја подигнат линценцата, веднаш потоа отпушаат одреден број на вработени.
Николоски објаснува дека контроли не се правеле затоа што Законот до сега тоа не го предвидувал.
– Клучниот механизам на контроли кој што ние сега го правиме не е предвиден во ниту еден закон, би рекол дека стрикно не е пропишано. И затоа ние на добра волја се организиравме со вработените, направивме систем на контрола и согласно тој систем сега ги одземаме лиценците. И ако не ги направивме контролите сега тие околу 500 компании ќе работеле со незаконски линцени. Ние решивме да градиме систем. И ако ја следиме оваа тракеторија која ја фативме мислам дека ќе успееме. Ако успееме да изградиме систем кој ќе биде фундамент на идните генерации и ќе воспостави праг под кој нема да се оди, тогаш мислам дека ќе имаме успешен мандат или мандати. Почнаме ли да калкулираме тогаш наследството ќе биде многу лошо- додаде вицепремиерот Николоски.
Инаку, започнати се постапки за одземање на 479 лиценци во делот на урбанистичкото планирање и градење, но Николоски очекува таа бројка да стигне и над 500 одземени лиценци.