Николоски: Очигледно е дека Бугарија не сака да ја гради пругата, тоа што одбегнуваат да се сретнеме многу говори за судбината на проектот

18

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека имаат испратено над 15 дописи до Бугарија на кои што немаат одговор од бугарска страна за изградба на пругата кон Бугарија.  – Фер е да се видиме и да ни кажат. Со самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, тоа многу говори за судбината на проектот. На наша страна се делата, на нивна се зборовите, вели Николоски во интервју за емисијата „360 степени“ што се емитува на МРТ 1.

Тој потврди дека во Владата е пристигнат Предлог-договорот за заедничка изградба од бугарската страна, нагласувајќи дека веднаш е разгледан на сендица на Влада и формирано е работно тело составено од министрите за транспорт и финансии и директорот на Железници и дека за него треба да се разговара.

Прашан дали има нешто спорно во тој договор, Николоски вели дека има и дека затоа е потребно да седнат со бугарската страна и да разговраат.

– Велиме, благодариме што ова ни го доставивте, иако претходно средби имаше, ама ги прекинаа. Еве работна група од наша страна, повисоко од ова нема. Формирајте работна група вие, каква сакате, да седнеме, за еден ден ќе ја завршиме работата. Ама имајќи предвид дека не седнуваме затоа што тие не сакаат да седнеме, тогаш не можеме да ја завршиме работата. Да повторам, ако бугарската страна сака да гради пруга, пруга ќе има и ќе се изгради. Што се дела, што се зборови? Зборови се вакви провокативни изјави од бугарска страна, а дела се дека Софија – Перник нема да се реконструира зашто парите ги тргнаа и ќе ги вложуваат во Софија – Бургас, а Македонија во моментов е единствена земја што гради железница на Коридорот 8, истакнува Николоски.

Тој рече ставот дека Владата оти не сака да инвестира во пруга која завршува во тунел. Проблемот, како што вели, е фактот дека Бугарија одлучила да не ја обновува пругата од Софија до Перник, односно од Перник до Ѓуешево во втората фаза.

ИЗДВОЕНИ