Кошаркарскиот клуб Џокер пред една недела се повлече од АБА 2 лигата (беше во група со КК Пелистер), а таа вест изненади многумина. Посебно поради фактот што зад тој клуб стои Никола Јокиќ и неговото семејство. Во текот на денот се појавија нови вести дека соработката со тренерот Владимир Лучиќ е прекината и дека деца ќе продолжат да играат за клубот.
- Семејството Јокиќ го напушти клубот. Тие беа главните финансиери на клубот и луѓе одговорни во „Џокер“ да биде се на највисоко можно ниво. Спортскиот директор беше изненаден, мораше некако да реагира, изјави поранешниот тренер на клубот Лучиќ за „Mozzartsport“.
Тој исто така објасни што се случило потоа.
- Имавме средба со семејството Јокиќ, поточно со Страхиња, кој ни кажа дека ќе биде во клубот до 19 јануари и дека потоа ќе го напушти клубот, дека нема да учествува во финансирањето и дека тренерите и играчите се слободни. Работев во клуб кој беше многу сериозно организиран, тренерите и играчите имаа максимални услови за работа. Срамота е за српската кошарка што семејството Јокиќ го напушти „Џокер“. Тоа требаше да биде нашиот голем кошаркарски центар, заклучи Лучиќ.