EPA-EFE/ALI HAIDER

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра неверојатно на почетокот на новата сезона во НБА лигата и од ден на ден испишува нови страници во историјата. Сега, повторно е во центарот на вниманието бидејќи никогаш во историјата не се случило кошаркар да ја започне сезоната на начин како што тоа го прави кошаркарот на Денвер.

Имено, Денвер се пофали дека Јокиќ ја „променил“ историјата бидејќи стана првиот кошаркар во историјата на НБА со ваква статистика по првите десет натпревари од сезоната: 297 поени, 137 скока и 117 асистенции.

Кога ќе се „претвори“ во просечна статистика, дури тогаш гледаме колку всушност Јокиќ е доминантен. Тоа значи дека постигнува речиси по 30 поени по меч, дека е на 13,7 скока и 11,7 асистенции, но тоа не е се. Најневеројатно од се е тоа што Јокиќ тоа го прави со 56,3 проценти успех во шутот од поле, што никогаш не бил подобар во шутирањето тројки (дури 56,4 проценти), додека има и 1,7 украдени топки и 1,1 блокада по меч.

Познато е дека Јокиќ трипати ја добиваше МВП награда, но и дека НБА лигата е позната по тоа што не сака „ист играч да доминира предолго“, па се претпоставува дека ќе има многу лобирање околу наградата, да замине во туѓи раце.

Само благодарение на Јокиќ, екипата на Денвер е на четвртото место во Западната конференција со скор од седум победи и три порази, додека лидер е тимот на Оклахома со девет триумфи и два пораза. Кога е во прашање Истокот, тамо неприкосновен лидер е најголемото изненадување од стартот на сезоната, тимот на Кливленд, кој е единствената екипа без пораз во најсилната кошаркарска лига со 12 победи во исто толку натпревари.