Македонскиот олимпиец од Париз2024 година, пливачот Никола Ѓуретановиќ (17), имаше одличен настап на трката на 400 метри на Светското првенство во мали базени, откако убедливо го подобри досегашниот државен рекорд. Тинејџерот патеката ја исплива за 3:53,05 минути, што речиси три ипол секунди подобро остварување од досегашниот најдобар резултат на Марко Блажевски (3:56,32). Тој квалификациите ги заврши на 40. место во конкуренција на 49 пливачи, но државниот рекорд е нешто што ветува светла иднина кога е во прашање пливањето во нашата земја.

Ѓуретановиќ минатото лето ја претставуваше Македонија на ЛОИ во Париз, каде што не исплива во рамки на своите најдобри времиња и заврши како последен во квалификациите во трката на 400 метри. Токму поради неговиот настап во Париз претрпе доста критики од македонската јавност.

Со коментар и честитка се јави познатата инфлуенсерка Ина Многуфина:

  • Ви текнува на она детено лани што пливаше и стигна последно и се појавија тастатура пливачите кои имаат неколку пати пливано во Пефкохори до длабокото, оние што имаат гледано други како пливаат и тие што мислат дека само они треба да се ѕвезди на македонското пливање, друг никој да не се бања? Па ви текнува колку го хејтаа дека бил последен, а они ни на каса во Веро не биле први? Е, тоа дете, Никола Ѓуретановиќ постави нов апсолутен и младински рекорд во македонското пливање. Онака баш, он го постави новиот рекорд во македонското пливање! 17 години, а веќе ѕвезда во македонскиот спорт. Секоја чест!

ИЗДВОЕНИ