Никол Кидман реши да паузира откако имаше многу работни обврски во претходната година. По снимањето на три филма и две ТВ серии во 2024 година, австралиската актерка, која има 57 години, изјави дека е „слободна“ до крајот на годината.
Само минатата година Кидман глумеше во сериите „Expats“, мистеријата на Нетфликс „The Perfect Couple“, втората сезона на „Lioness“, романтичната комедија „A Family Affair“, анимираниот мјузикл „Spellbound“ и еротскиот трилер „Babygirl“.
Таа ја објави веста за паузата на филмскиот фестивал во Остин.
- Минатата година работев многу повеќе, оваа година го имам филмот „Холанд“, потоа втората сезона од серијата „Девет совршени странци“, а потоа сум слободна до крајот на годината. Па, што да правам, порача Кидман.
Иако Никол спомена само две улоги оваа година, во септември минатата година, Amazon Prime објави дека ќе глуми во мистериозниот трилер Scarpetta, чија премиера се очекува оваа година.
Кидман во последно време толку многу снима што стана предмет на потсмев во забавната индустрија.